Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

МВР: ВМРО-ДПМНЕ да престане да шири лаги со цел да ја дискредитира полицијата

-Министерството за внатрешни работи апелира до партијата ВМРО-ДПМНЕ да престане да пласира лаги, чија цел е дискредитирање на полицијата. На денешната прес конференција преку лицето Наум Стоилковски беа пласирани лаги за наводна поврзаност на МВР со бегство на лицето Наим Самиу, иако и Стоилковски би требало да знае дека надлежен за определување мерка притвор е единствено – судот, соопшти МВР.

„Значи, наместо да шири лаги за МВР, упатувајќи небулозни прашања на погрешна адреса, Стоилковски прашањата треба да ги упати до надлежниот суд. А фактите говорат дека полицијата постапи по сѐ што е донесено како одлука од судот.

Токму по поднесена кривична пријава од страна на СВР Тетово на 16 август 2023 година, на Самиу му бил определен активен притвор, а на 29 септември 2023 година од страна на Основниот суд Тетово мерката активен му е заменета со мерка куќен притвор. Покрај ова, ја известуваме јавноста дека против Самиу досега се поднесени 15 кривични пријави за вкупно 30 кривични дела, потоа 4 прекршочни пријави, како и едно писмено известување до ОЈО Тетово. Уште еден доказ кој ги демантира лагите на Стоилковски.

Апелираме до партијата ВМРО-ДПМНЕ да престанат да шират лаги. За работењето на МВР сведочат резултатите, намалениот криминалитет и големата доверба која полицијата ја има кај граѓаните.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК