Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Во гостиварско одземени околу 7.000 парчиња пиротехника, приведени три лица

Полициски службеници на Секторот за внатрешни работи Тетово – Полициско одделение Галате, вчера (19.12.2023) во три трговски објекти во гостиварските села Неготино и Добридол пронашле и одзеле вкупно 6.964 парчиња разновидни пиротехнички средства, најмногу петарди, при што лишени од слобода биле три лица, соопшти МВР.

-Имено, во периодот од 16.50 часот до 19.10 часот полициските службеници ги лишиле од слобода И.Д.(61), од кого со одземени 3.826 парчиња и Х.Ј.(49) со одземени 2.895 парчиња, двајцата од Неготино, а го привеле Г.Р.(60) од Добридол со одземени 243 парчиња.
Пронајдените пиротехнички средства се фотодокументирани, а по целосно документирање на случајот против трите лица ќе следуваат соодветни поднесоци, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Познати деталите за земјотресот кој ја погоди Македонија

ДЕСК

Полицијата упадна во куќа: Дома му нашле дрога и муниција, а надвор приколка товарена со нелегални огревни дрвја

ДЕСК

Претреси низ Македонија – лишени од слобода две лица

ДЕСК