Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Откако ги призна средбите со Палчо, Мицкоски да одговори што договарале

-Мицкоски јавно ги призна средбите со Палчо, откако со денови молчеше и избегнуваше да одговори дали се среќавал со Љупчо Палевски, осомничен за убиствата што ја згрозија јавноста, соопшти СДСМ.

„Палевски, како што е познато, беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ, јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица.

Тие заедно беа дел и од насилните протести со гилотини и мотолови коктели пред Собранието против Францускиот предлог.

Заедно, со ДПМНЕ и Левица, како дел од Бојкотирам беа против против членството во НАТО.

Мицкоски сега да одговори што разговарал и договарал на средбите со Палевски.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на самитот на ЕПП: Одлична можност за продлабочување на партнерствата и за зајакнување на улогата на нашата земја во европските процеси

C +

Алиу: Македонија високо рангирана на глобално ниво во намалување на неонатална смртност

C +

Синоптичарите излегоа со прогноза – какво време да очекуваме?

ДЕСК