Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Со системски решенија ставивме крај на неевидентираните лица во земјава, 526 лица добија изводи на родени

„Овие наши граѓани немаа документи за идентификација, не можеа да се лекуваат, ниту да се вработат, не може да склучат брак, ниту пак да го регулираат статусот на нивните деца, едноставно ги немаше во системот на државата. Овие проблеми се веќе минато!“ порача Претседателот на Владата Димитар Ковачевски на доделувањето на изводи на лица кои досега не се евидентирани во матичната книга на родени.

Законските измени и дополни го отворија патот за решавање на околу 526 човечки судбини, од кои до сега извршен е упис во матичната книга на родените на 409 лица. Останатите 117 лица ќе се упишат до крајот на годината.

„Владата која ја предводам креира политики со европски вредности, ние создаваме системски решенија кои даваат резултати на долг рок. На овие наши граѓани им овозможивме да си ги остварат своите животни права, а пред сѐ правата за социјална и здравствена заштита. Им овозможивме да си го остварат правото на заштита на нивното здравје преку нивно здравствено осигурување, децата да посетуваат редовна настава и да добиваат свидетелства за завршено образование,“ посочи Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Лишени од слобода осум возачи за безобѕирно управување возило, од нив еден без дозвола управувал возило кое го украл, а еден управувал трактор под дејство на алкохол, предизвикал сообраќајна незгода и го напуштил местото

ДЕСК

Пронајден возачот кои удри во малолетничка и избега, следува кривична пријава

ДЕСК

Вечерва слаб снег вее на овој патен правец, каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК