„Сега сме на една раскрсница кога треба да одлучиме како понатаму, пред се за нас е битна партијата, меѓутоа ни е битно во кој правец ќе се движи државата. Не би прифатиле по никоја цена и по никоја бројка да бидеме во погрешен пат. Мене ова ме потсетува на 2008 година Букурешт. Се вративме од Букурешт, имавме шанса Македонија само за надворешна употреба да биде Северна Македонија. Се вративме од Букурешт и одиме на избори и веднаш ќе го решиме проблемот и ни треба 11 години да се приклучиме на НАТО“, рече претседателот на Алијансата за Албанците и градоначалник на Гостивар, Арбен Таравари, во утринската програма на „Слободен печат“.
Тој додаде дека сега се случува истото, повторно се оди на избори и сите велат дека ќе се реши проблемот следната година, меѓутоа сите знаеле дека ќе биде скоро невозможна мисија, избори во европски парламент јуни 2024, во Бугарија ќе има вонредни парламентарни избори најверојатно, а ќе има избори и во САД.
„Тежок момент за тешка меѓутоа и битна одлука и за нашата партија и за државата“, потенцираше Таравари.
Тој додаде дека не се првпат на Власт, биле во 2017 година околу 100 дена со едно министерство за чие времетраење покажале дека имаат капацитети.
„Сега повторно нашите министри дури и подобро работат од тогаш. Имаме и локална власт во две општини и неспорно е дека ние кога се создадовме бевме фракција на една друга партија и нашата цел беше таа партија е приватизирана. Еден човек – султан партија и се одлучивме за подемократско организирање на нашата партија“, посочи Таравари.
Тој заклучи дека тогаш успеале да ги убедат членовите на ДПА поголемиот дел да дојде кон нас и денес се втора партија меѓу Албанците.