Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Нормализиран сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар

Од 11.45 часот сообраќајот на патниот правец Маврово – Дебар пред селото Жировница е нормализиран, извести АМСМ.

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по претежно суви коловози. Појава на магла со видливост до 100 метри има во Кичево.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Можеби ќе ве интересира

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев – целата отштета ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби

ДЕСК

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +