Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Денеска исклучени семафорите на „Водњанска“ – ќе се преместуваат

Јавното претпријатие „Улици и патишта“-Скопје информира дека денеска од 9 часот времено ќе бидат исклучени семафорите на крстосницата меѓу булеварот „Водњанска“ и улицата „Васил Ѓоргов“.

Од ЈП „Улици и патишта“ информираат дека нивни екипи задолжени за одржување на светлосната сигнализација на градските сообраќајници ќе почнат со активности за преместување на семафорскиот уред.

Времениот прекин на семафорите ќе трае до завршување на активностите.

-На овој потег ќе биде поставена соодветна сообраќајна сигнализација и сообраќајот ќе биде регулиран со асистенција од сообраќајната полиција, соопштуваат од јавното претпријатие.

Можеби ќе ве интересира

Ковачевски до Јаневска: Се затвораат училишта и се спојуваат паралелки – дали децата ќе добијат поквалитетно образование?

ДЕСК

Ковачевски до Хоџа: До кога граѓаните ќе чекаат решение за дивите депонии и загадувањето?

ДЕСК

Панова: Правдата треба да се обезбеди навремено, затоа во Предлог буџетот за 2027 за судската власт средствата се зголемуваат за 15,3 проценти за разлика од годинава

ДЕСК