Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тепачка меѓу четири лица во Тетовско поради нерасчистени имотно-правни односи

Вчера во 12 часот и 55 минути во СВР Тетово пријавено е дека во тетовското село Пирок бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која учествувале четири лица од ова село, а поради нивни нерасчистени имотно-правни односи за кои воделе судски спор, извести СВР Тетово.

Десетина минути подоцна, во Полициското одделение Камењане се пријавиле двајца од инволвираните во пресметката, а обезбедени, исто така, се и другите двајца инволвирани, додаваат од СВР Тетово.

Случајот целосно е расчистен и на учесниците во нарушувањето ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК

Скопјанец заврши на клиника со тешки повреди, откако среде бел ден бил претепан од едно лице

ДЕСК