Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Битиќи: Планирањето врз нереални, непозанти или претпоставени состојби води кон неуспех, затоа ја ценам успешната работа за пописот

„Да не успееме да планираме, значи дека планираме да не успееме. Но, да планираме врз основа на нереални, непознати или претпоставени моментални состојби води кон дефинитивен неуспех. Поради сето ова, многу ја ценам успешната работа завршена за пописот“ рече вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на настан на Државен завод за статистика за проекција на население.

Тој додаде дека успешно завршениот попис е еден од најголемите и најважните потфати, а презентирањето на публикацијата за проекциите на населението даваат уште појасна слика, која мора да ја имаме.

„Проекциите н а население то ни да ваат простор за предвидување и доколку е потребна корекција на можните настани во иднината. Во овие податоци гледам голем потенцијал, секако дека тие не може да бидат точни предвидувања, бидејќи и периодот од 50 години е многу долг период, но секако се насоки и основа за донесување на правилни одлуки и политики“ рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека Државниот завод за статистика долги години во државата не функционираше од политички причини.

„Затоа што во нејасното, во темното, кога немаме не само точни, туку и воопшто немаме податоци, лесно е да се манипулира и заплашува и секако прикрива вистината и реалната состојба“ рече Битиќи.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК