15.8 C
Скопје
19. септември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Спасовски: СДСМ како партија ветувањата ги релизира а тоа е препознаено од граѓаните

„СДСМ преку мој ДДВ – врати милиони денари назад кај граѓаните. Опозицијата и тогаш ги манипулираше граѓаните и не веруваше во оваа релизација. СДСМ како партија ветувањата ги реализира а и тоа е препознаено од граѓаните“рече Министерот за Внатрешни работи Оливер Спасовски во утринската програма на Слободен Печат.

Спасовски рече дека до сега како министер се направени многу реформи на стратешко ниво. Дел од нив се: Реформа на безбедносната разунавачка заедница, реформа на следење на комуникации- тоа е нова оперативна заедница која беше неопходно да се направи за да се градат институциите според европските вредности кои ги штитат човековите права. Нова управа за безбедност и разунавање, проект реформа со поддршка од ЕУ, воведени беа и оддели за финансиски истраги и конфискација на имот, реформи во водењето на дисциплински постапки и ставањето во функција и одделот за воздухопловни единици, набавени нови опреми кои 10 години претхдно не беа воопшто набавени.

„ Изградени се 2 објекти кои се од витално значење за МВР и тоа: ИКЦ- Центарот во Прилеп за заштита на електронските пораки и градбата на одделот за форензички испитувања со ЕУ – со најмодерна и софитицирана лабараторија во регионот. Во моментот тече градбата на новата полциска станица во Аеродром а и има реконструкција на објекти во МВР. Реконстуирани се над 80 полициски станици низ државата’’ – рече Спасовски

Спасовски додаде дека ова е само мал дел од релзираните прокети во кои континурано поддршка се добива од ЕУ и САД во поглед на јакењето на капцитетите на институциите во јакнењето на системот.

Спасовски рече дека граѓаните ги препознаваат вистинските вредности за подобар животен стандард и ги уважуваат напорите за да станеме земја членка на ЕУ за подобра иднина.