17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Доаѓа дожд и снег низ Македонија, но и кочан ладно време: Метеоцентар со детална прогноза за претстојните денови до викендот

Утре попладне во западните делови ќе има врнежи од дожд, а на планините врнежи од снег. До сабота ќе дува засилен северен ветер (над 60 км/час) и врнежите ќе преминат во снег и на повисоките места, а температурите насекаде ќе опаднат.

Повремено врнежите ќе бидат пообилни, наместа над 20 л/м2, на планините и на повисоките места ќе се формира нова снежна покривка.

Прогноза за 15.12.2023
Минимална температура: 1°C до 7°C
Максимална температура: 2°C до 8°C

Претежно облачно со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Врнежите наместа ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа долж Повардарието со брзина над 60 km/h.

Прогноза за 16.12.2023
Минимална температура: -2°C до 4°C
Максимална температура: -1°C до 5°C

Променливо облачно, претпладне на планините и на некои повисоки места со врнежи од слаб снег. Ќе дува умерен до засилен ветер од северен правец, наместа долж Повардарието со брзина над 60 km/h.

Прогноза за 17.12.2023
Минимална температура: -7°C до 2°C
Максимална температура: -3°C до 6°C

Сончево со мала до умерена облачност и студено. Ќе дува слаб до умерен северен ветер.

Спонзорирано: