Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Мишко Иванов: Не е битно кој ќе биде премиер туку дали си човек или не си

„Не се проблем националистичките моменти – туку наративот кој циркулира низ државата. Не е битно кој ќе биде премиер туку дали си човек или не си. Никој не ги ни споменува уставните измени, а секако кој и да дојде на власт тоа е тема којашто не може да се избегне. Мора некогаш да постои сложување помеѓу партиите не може да одиме во недоглед – мора да се сложат и да постои некоја точка кадешто ќе се помират‘’ – рече Мишко Иванов во утринската програма на Слободен Печат.

Мишко рече дека во пред изборниот тек секако како и по навика очекува лажни вести и афери и повторно повторување на истата пред изборна кампања. Она што е карактеристично е тоа што ќе се случува со изборите е дека од страна на СДСМ Пендаровски не ја исклучи можноста за кандидатура а се уште се чека ВМРО дали ќе учестува во Прижинската Влада.

„Никогаш не дозолувајте да ве понесе атмосферата од било која ситуација. Секоја приказна има две страни. Во денешно време е многу тешко да укажеш на некого за текст или објава, младите колеги се повеќе се понесени од социјалните медиуми и тешко се води полемизација за да се види дали еден текст е добар или не’’ – рече Мишко Иванов

Мишко додаде дека проблемот во денешно време не се регулираните медиуми туку интернет просторот кадешто кој може да објави и каже што сака без да има некоја законска одговорност или обврска кон тоа што го кажува или споделува со пошироката јавност.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК