Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Џафери: Ликот и делото на Свети Климент е најдобар пример за симбиозата меѓу духовната и просветителската мисија

Претседателот на Собранието, Талат Џафери, испрати честитка од лично име, но и од име на пратениците во Собранието по повод празникот Свeти Климент Охридски.

„Ова е празник на основоположникот на црковниот живот во Република Северна Македонија и ревносен ученик на светите браќа Кирил и Методиј. Неговиот лик и дело е најдобар пример за симбиозата меѓу духовната и просветителската мисија, најдобар пример за тоа како да се допре до срцата и умот на следбениците за да се постават солидни основи за произведување на трајни вредности кои покрај тоа што се значајно наследство за идните поколенија, се и скапоцен дар за светското духовно и просветителско наследство.

Да се обидеме да бидеме достоинствени чувари на тоа наследство и заедно да го збогатиме со сета духовна и просветителска разноликост што го краси нашето општество и што не обединува како граѓани на нашата заедничка држава, Република Северна Македонија.

Почитувани граѓани, уште еднаш Ви го честитам празникот и Ви посакувам добро здравје, мир и радост за Вас и Вашите блиски и сакани“, порача Џафери.

Можеби ќе ве интересира

Смени и освежување во ВМРО ДПМНЕ: Избрани 30 нови претседатели на општински комитети, познати се имињата

ДЕСК

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК