25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Хаџи Јанев за Слободен печат: Договорот за екстрадиција со Турција навестува брзо испорачување на Палевски

Нашите безбедносни служби професионално и експресно ја завршија својата работа кога станува збор лоцирање а потоа и лишување од слобода на инволвираните лица кои се сомничат за убиството на 14 годишната Вања Ѓорчевска и Павле Жежовски од Велес. Дополнително појаснување за домашната јавност е и фактот што независно колку македонските институции се ефективни во испорачувањето на документацијата потребна за турските власти за испорачување на осомничениот Љупчо Палевски за сторените кривични дела во земјава, постојат меѓународни правни процедури кои мора да се испочитуваат и запазат – вели универзитетскиот професор Методи Хаџи Јанев при гостување во утринската емисија на „Слободен печат“.

Хаџи Јанев при разговорот во студиото објасни дека сепак екстрадацијата не е гарантирана во сите случаи а особено кога станува збор политичка позадина. Како што тврди професорот во случајот со убиството на малата Вања не станува збор за никаква политичка конотација и затоа не би требало да има големо одовлекување на процедурата.

-Она што е можеби и најголема среќа во случајот и се однесува на побрзо задоволување на правдата е фактот што Македонија и Турција имаат потпишано билатерален договор за меѓусебна екстрадиција на лица обвинети за кривични дела што според мене навестува брзо испорачување на осомничениот Љупчо Палевски на домашните институции вели – Хаџи Јанев.