7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
вестМАКЕДОНИЈА

Муслиу : Политичките партии се препукуваат преку медиумите а тоа се рефлектира кај граѓаните

Нашето општество е под константно бомбардирање веке 20 години. Откога политичките партии одлучија дека нема период на кампања туку ја прогласија целата година за кампања. Политичките партии се препукуваат преку медиумите и се рефлектира кај граѓаните. И дури последнава акција во Македонија за која можеме да кажеме дека дури и во другите земји не се решава толку брзо, пак се трудат некои политички лица од ова да направат конспирација и да направат нешто што граѓаните би ги втурнало кон недоверба. Суштината на мирното живеење е довербата во институците и довербата во сигурноста на граѓаните. Гледаме во светот како чувството на несигурност влијае на граѓаните и им предизвикува страв и нелагодност .“ – рече Алберт Муслиу во „Студио 10“ на ТВ 24.

Муслиу рече дека во секој изборен циклус имаме намалена излезеност на граѓаните. Стратегијата на политичките партии е излгеда насочена само кон тие што сакаат да излезат на гласање а не кон целото општество. Политичките партии немаат јасен поттикнувачки говор а главната политичка порака како и досега ќе биде напад врз противничката партија.

Муслиу истакна:„Очекувам да продолжи тензичен тон и да се вртат истите напади кои се врат 20 години. Како општество имаме проблем поради тоа што мал процент на граѓани преку социјалните мрежи го усмеруваат јавното мнение и се добива чувство дека таков е стандардот во нашето општество – чинам дека треба да се вратат моралните вредности и граѓаните воопшто да не реагираат на сите кои сакаат да наметнат било каква нелагоност и страв.’’

Во поглед на црната листа на којашто се најде и Кочо Анѓушев, Муслиу додаде дека не верува дека е политичка причината – сигурно тоа е некоја друга причина но нашите интерни институции нека спроведат истражување.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК