10. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Маричиќ од Брисел: Европскиот фронт ќе ја реализира европската интеграција, за Северна Македонија и за Западен Балкан

„Денеска од Брисел порачуваме дека прогресивната агенда е неопходна за проширувањето на ЕУ. Проевропскиот фронт ќе успее да ја реализира европската интеграција, како за Северна Македонија така и за земјите од Западен Балкан“ порача вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ од Брисел.

Тој додаде дека нема да се дозволи било кој да ја враќа државата во тунелот во кој се наоѓавме 11 години.

„Ние се бориме да ја спасиме нашата држава од национализам, од екстремен популизам, од конфликт и омраза, за што сум убеден дека ќе успееме, заедно со граѓаните демократи“ напиша Маричиќ на Фејсбук.

Вицепремиерот во Брисел учествуваше на семинар на тема: „Обликување на прогресивната агенда за проширување“ во организација на пратеничката група Социјалисти и демократи од Европскиот Парламент.