Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Таравари: Нема да дозволиме да има дестабилизирање во Владата додека има шанси да се донесат уставните промени

Арбен Таравари, претседател на Алијансата за Албанците, пред почетокот на денешната лидерска средба рече дека се надева оти институциите ќе функционираат и ќе се казнат што побргу луѓето одговорни за двојното убиство.

Тој истакна дека позициите на партиите од Владата се синхронизирани и дека бараат широк консензус за одржување претседателски и парламентарни избори заедно кон крајот на април или почетокот на мај.

„За техничка влада требаше да се разговара пред една или две години“, одговори Таравари на новинарско прашање.

Во однос за членот на ДИК, Таравари рече дека одлучува народот на избори.

„Алијансата за Албанците имаше 8 пратеници и имаше член во ДИК. Изет Меџити беше дел од ДУИ тогаш, партијата има член во ДИК, Билал Касами беше со СДСМ на иста листа, СДСМ има член во ДИК и Африм Гаши беше со нас и нашиот претставник е претставник на Алијансата во Државната изборна комисија. Ова е нашиот став ако се отвори ова прашање на лидерската средба“, рече Таравари.

Тој рече дека засега остануваат во Владата.

„Нема да дозволиме да има дестабилизирање во Владата додека има шанси да се донесат уставните промени“, додаде Таравари.

Можеби ќе ве интересира

Сиљановска-Давкова: Уставот не е само закон над законите, туку и општествен договор меѓу граѓаните и државата

ДЕСК

ДОЖД, МАГЛА И СИЛЕН ВЕТЕР ВО МАКЕДОНИЈА – Повардарието под налети над 50 км/ч, еве каде ќе врне

ДЕСК

МИЦКОСКИ ТЕЛЕФОНСКИ РАЗГОВАРАЛ СО НОСИТЕЛОТ НА СТУДЕНТСКАТА ЛИСТА – Честитка за изборната победа во Србија

ДЕСК