Во рамките СОР 28, денеска, министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова и министерот за економија Крешник Бектеши беа дел од настанот на кој се презентираше инвестициска платформата за праведната енергетска транзиција на Северна Македонија беше потпишан договор за партнерство со Европската банка за обнова и развој, Светската инвестициона банка, Европска банка за развој, Германската развоја банка KFW, Климатскиот инвестициски фонд и други меѓународни финансиски институции како дел од Партнерството за НДЦ посветено на амбициозно спроведување на национално определени придонеси според Договорот од Париз и Целите за одржлив развој до 2030 година.
Инвестициската платформа е креирана врз основа на Долгорочната стратегија за климатска акција во правец на спроведување на амбициозните политики и средночните (намалување на нето емисиите на стакленички гасови за 82% до 20230 г. во споредба со нивоата од 1990 година) и долгорочните климатска цели и претставува основа за мобилизирање на потребните средства, истовремено обезбедувајќи правична зелена транзиција која ги штити ранливите заедници.
Северна Македонија се потпира на јаглен за 40% од своето производство на електрична енергија. Платформата ќе го поддржи отфрлањето на јагленот во земјата до 2030 година, распоредувањето на обновлива енергија и поврзаните инвестиции во мрежата.
„Со заедничко делување постигнуваме повеќе и единствено преку заедничко и партнерско дејствување во спроведување на амбициозно поставени цели, возможна е праведна енергетска транзицијата и исполнување на поставените амбициозни национални цели“ истакна министерката Шукова во завршното обраќање на настанот.