Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Приведен скопјанец кој запалил автомобил во Скопје

На 03.12.2023 во 03.30 часот на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода А.Г.(21) од Скопје. Тој се сомничи дека претходно на подрачје на Центар со шише со запалива течност предизвикал пожар на патничко возило „шкода фабија“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Х.М.(69) од Скопје. Од пожарот било зафатено и патничко возило „бмв“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на З.К.(55) од Скопје. Пожарот бил изгаснат од екипа на Бригадата за противпожарна заштита Скопје, а повредени лица нема.

А.Г. бил задржан во Полициската станица Центар и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Бугарски државјанки осомничени за кражба на банкарски картички и паричници во Скопје

ДЕСК

Викендот носи снежен удар и силен ветер температурите паѓаат под нулата – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Млада скопјанка се наполнила со пари на туѓа мака – еве како измамила повеќе луѓе

ДЕСК