8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Доаѓа студ и снег: Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

До вторник до крајот на денот ќе се задржи стабилно, а нов влажен бран ќе започне од ноќта кон среда од северозапад. Врнежите ќе бидат од дожд, во среда на високите планини од снег, а во четврток снег ќе има и понекаде на северозападот и на повисоките места. Врнежите ќе престануваат во четврток во текот на денот, а нови врнежи се очекуваат на почетокот на следниот викенд. Услови за појава на магла ќе има особено во вторник и среда наутро.

Прогноза за 05.12.2023
Минимална температура: -2°C до 5°C
Максимална температура: 5°C до 11°C

Претежно облачно со слаб до умерен ветер од јужен правец. Во ноќните часови ќе има локални врнежи од дожд, а на повисоките планини на северозапад врнежи од снег.

Прогноза за 06.12.2023
Минимална температура: 1°C до 6°C
Максимална температура: 6°C до 12°C

Облачно со локални врнежи од дожд, а на планиниte на северозапад со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 07.12.2023
Минимална температура: -1°C до 5°C
Максимална температура: 6°C до 12°C

Променливо облачно со локални врнежи од дожд, a на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер кој во западните делови ќе биде западен, а наместа долж Повардарието же дува повремено засилен ветер од северозападен правец.

Спонзорирано: