Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Автомобил удри во мечка кај Тетово – полесно повредени децата во возилото

Доцна синоќа на локалниот пат Тетово – Ноштено , автомобил удрил во млада мечка која го минувала патот заедно со една значително поголема мечка и уште две помали мечки.

Во возилото кое удрило во мечката се наоѓало локално семејство, татко, мајка и три мали деца. Од ударот сите биле под голем стрес а децата се здобиле со лесни повреди, информираат од Центарот за управување со кризи.

Мечката во која удрило возилото била повредена, на почетокот безмалку неподвижна а потоа со ограничени движења. Околу еден час подоцна, велат од ЦУК, почнала да се движи и постепено се оддалечила од местото на несреќата.

Се работи за урбана средина со повеќе куќи и голема раздвиженост на возила и луѓе поради што ЦУК доцна синоќа ги повика надлежните институции да ги презедат сите неопходни дејствија со кои ќе се гарантира безбедноста на граѓаните, но воедно ги повикуваа и невладините организации од оваа област да се вклучат и да предложат мерки и постапки со кои ќе им се помогне на повредената млада мечка како и на големата мечка со двете останати млади мечки.

Овој случај, како што велат од ЦУК, отвора многу прашања околу непрецизно дефинираните и испреплетени надлежности на институциите бидејки по несреќата ја разгледувале можноста повредената млада мечка (или мече) да биде успиена со опојно средство а потоа преместена и згрижена на соодветно место, како на пример ЗОО Скопје, каде би и се пружила медицинска нега. Притоа до израз дошле повеќе формално-правни и функционални недостатоци, велат од Центарот за управување со кризи.

Можеби ќе ве интересира

Лишено од слобода лице од Валандово, без дозвола управувал патничко возило кое претходно го украл од двор во гевгелиско Прдејци

ДЕСК

Кузеска: СДСМ има ветување до ВМРО – Сите ќе одговарате!

ДЕСК

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Мицкоски заедно со Ковачки и Андоновски ќе присуствуваат на Конгресот на Европската народна партија, уште една потврда за цврстата определба за европска интеграција

ДЕСК