Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Маричиќ „Формирање централна ИПА агенција за успешна реализација на проектите по моделот на ИПАРД”

Заменик претседателот за 360степени, вечерва изјави:

„Моделот што го имаме ние со ИПАРД агенцијата или со агенцијата за Еразмус, по мене е успешен модел и можеби треба да се размисли за правење една ИПА агенција или пак мини тимови во секое министерство кој што веќе ги имаме но би добиле еден поинаков статус кои што можеби ќе бидат вработени во една централна ИПА агенција а ќе работат секојдневно во институциите каде што се водат проектите”

Вицепремиерот Маричиќ додаде дека клучните насоки за решавање што Владата ги увидела се пред сѐ пополнување на испразнетите места односно 20% испразнети места во ИПА структурата. Понатаму посочи дека е потребно унапредување на оние кои што се 5 години, најмалку 5 години во структурите и не биле унапредени, веднаш да бидат унапредени тоа е втората мерка и препорака. Додека третата препорака е задржување на концептот и унапредување на концептот на постојани обуки за надградување на кадрите од ИПА структурата и тоа тука дома во Северна Македонија и во странство заклучи Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Манасиевски: Фактите докажуваат дека немало забрана за Алта банка за работење во ЕУ, а Рајфајзен имала договор со групацијата на Мацура, СДС повторно фатени во лага

ДЕСК

ПОЛИТИЧКА ПРЕПИСКА ЗА „АЛТА БАНКА“ – ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ со спротивставени тврдења

ДЕСК

Засилени акции против дрвокрадството: За еден месец запленети 734 кубни метри дрва и поднесени 147 пријави

ДЕСК