Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Внимание: Помина времето на униформи во училиштата, тие одземаат од автентичноста на личностите

Поголемиот број од граѓаните кои одговараа на анкетата на „Внимание, внимание“ на „Трн.мк“ рекоа дека се против воведување на униформи во училиштата, објаснувајќи дека поминало времето за униформи.

Испитаните граѓани сметаат дека секој ученик треба да има право да носи тоа што сака и дека униформите одземаат од автентичноста на личностите. Според граѓаните секој треба да си го задржи својот идентитет и да нема униформирање.

Одлуката за воведување на униформи според граѓаните треба да биде на учениците и родителите, а не на градоначалниците, а запрашани доколку сепак се воведуваат униформи кој треба да ги плаќа, повеќето граѓани се согласија дека тие треба да бидат платени од буџетот, а не учениците сами да ги купуваат.

Анкетата „Внимание, внимание – зборуваат граѓаните“, се емитува на каналите на „Трн“ (на Фејсбук, YouTube, и на Инстаграм) и нејзината цел е да се чуе гласот на граѓаните, посебно на младите. Гласот на граѓаните нѝ го претставува артистот Дениз Абдула, а продукцијата е на „Трн.мк“.

Можеби ќе ве интересира

МВР веднаш го расчисти денешното убиство во Охрид, лишен од слобода осомничениот за стореното кривично дело, следува пријава

ДЕСК

Шок во Клинички центар: Двапати се обидел да прегази медицинско лице

ДЕСК

Сообраќајна несреќа со млади лица: Возач тешко повреден, тројца завршија во болница – сите на возраст од 18-19 години

ДЕСК