Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Претрес во Скопје, пронајдени дрога и пари

-Денеска, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија со дрога при СВР Скопје ги лишиле од слобода Е.Ј.(45), А.Б.(21) и Ф.Б.(26), сите од Скопје. При претрес во домот на Е.Ј. на подрачјето на Шуто Оризари, извршен со судска наредба, во кој биле затекнати А.Б. и Ф.Б., биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја, дигитална вага со остатоци од марихуана, дробилка со остатоци од марихуана и пари во различни валути и апоени, соопшти МВР.

Лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против нив ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Можеби ќе ве интересира

Пет лица вмешани во паниката во Тетово: Полицијата приведе малолетници

ДЕСК

Драма со бебе во Радовиш: Малолетници го носеле, па забележале крв на главата

ДЕСК

Малолетник предизвика сообраќајка во Гевгелија и побегна – возач тешко повреден

ДЕСК