Centar.mk
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈА

Вработена во болницата во Тетово неовластено снимала пациентка хоспитализирана на одделенијата: полицијата ја приведе

Полициски службеници на СВР Тетово, синоќа, околу 20.10 часот лишиле од слобода 46-годишна жена од тетовска Брвеница.

Таа претходно била пријавена од 47-годишник од тетовско Слатино дека во тетовската Клиничка болница, каде што била вработена, неовластено ја снимила неговата сопруга, која била хоспитализирана на едно од одделенијата.

Снименото потоа го објавила на социјалните мрежи.

Задржана е во Полициската станица Тетово за расчистување и документирање на случајот, соопшти полицијата.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК