Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Целосна трансформација: „Борис Трајковски“ од спортска сала до центар на 30-тиот Министерски совет на ОБСЕ

Мултифункционалната сала „Борис Трајковски“ го доби ликот на центар на Министерскиот совет на ОБСЕ.

Следејќи ги строгите критериуми на ОБСЕ за организација на овој високопрофилен настан, преземени беа сите логистички и административни аспекти со кои се гарантира одржување на состанокот на министри на земјите-учеснички на ОБСЕ на највисоко ниво.

Целосната пренаменетата на салата „Борис Трајковски“ во конференциски центар, која траеше повеќе од три месеци, е подготвен да ги прими делегациите на 76 земји, 57 земји-ученички на ОБСЕ и земјите од Медитеранската и Азиската група партнери за соработка или повеќе од 1000 претставници на светската дипломатија.
Како се одвиваше трансформација на салата „Борис Трајковски“ за потребите на Министерскиот совет на ОБСЕ погледнете на линкот:

Погледнете ја трансформацијата на салата Борис Трајковски. Подготвени сме за одржувањето на 30-от Министерски состанок на ОБСЕ!

Чест ми е што имаме можност да го организираме еден од најголемите настани што некогаш е направен во земјава.

Северна Македонија изминатава година како претседавач на најголемата регионална безбедносна организација ОБСЕ покажа дека има голем капацитет да се носи со сите предизвици, рамо до рамо со најразвиените земји во Европа!

It’s about people!, објави на својот Facebook профил министерот за надворешни работи и актуелен претседавач со ОБСЕ Бујар Османи

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК