16.8 C
Скопје
3. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Обезбедивме постојан раст на пензиите,а најранливите пензионери опфатени и со новиот пакет антикризни мерки

„Не е социјална помош и јас верувам дека најголем број од нив кои што се дел од ова група на најранливите пензионери ќе бидат задоволни. Тоа се пакет на антикризни мерки кои ги носи Владата за да ги ублажиме и последиците од енергетската криза и скокот на цените особено на прехранбените продукти во изминатиот период. Сега во зимскиот период, токму 3.000 денари за сите оние пензионери кои се приматели на пензија до 14.000 денари ке им дојде добредојдено во нивниот семеен буџет.Особено ако имаме двајца пензионери кои примаат до 14.000 денари,“рече министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска во Дневникот на Сител Телевизија, во врска со новите антиктризни мерки со кои се опфатени и пензионерите.

Таа посочи дека само оние кои биле политички мотивирани, и кои се во иницијативните одбори, а земаат пензии од 30, 40 или 50.000 денари велат дека е социјална помош.

„Не треба да гледаме парцијално, треба да видиме колку била нивната пензија во март 2022 година, колку е денес. Имаме покачување од 26 отсто имавме во меѓувреме пакет на антикризни мерки каде што сите пензионери добија по 3.000 денари, најранливите повторно добија по 6.000 денари и 3.000 денари распоредени во неколку месеци, ги зголемивме пензиите во септември, и имаме постојан раст на пензиите. Не велам дека е многу и да имаме можности како држава и да нема пензија под 30.000 денари, јас сум прва која што ќе го направам тоа,“ рече Тренчевска.

Во врска со линеарното покачување министерката посочи дека тоа би довело во прашање исплатата на пензиите на идните пензионери. Според неа, стабилноста на пензискиот фонд мора да се одржува.Како и дека овие средства не се од буџетот на Фондот за пензиско и инвалидско осигурување.
„За да дадете 5000 денари линеарно на сите пензионери, тоа се 330 милиони евра на годишно ниво и плус околу 7 милијарди месечно даваме за исплата на пензии. Ова е популистичка мерка,“ посочи Тренчевска.

Таа се осврна на неисполнетите ветувања за бесплатен и брз автобуски превоз во Скопје од страна на ДПМНЕ , и сега повторното ветување до пензионерите за линеарно покачување до крајот на идната година.

„Во 2024 година, СДСМ повторно ќе формира Влада и ние ќе креираме нови мерки за пензионерите. Мерката на ВМРО-ДПМНЕ е популистичка. Сите експерти кои ја познаваат состојбата на пензискиот систем во државата, строго забрануваат интервенција во пензискиот систем,“рече Тренчевска.

Спонзорирано: