Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Со фалсификуван договор сакале да подигнат „ауди“, полицијата ќе поднесе кривична

-Регионалниот центар за гранични работи Југ – Полициска станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран, во координација со јавен обвинител, ќе поднесе кривична пријава против Б.М.(28) и М.Б.(29), двајцата од Неготино, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „фалсификување исправа“, извести МВР.

-Имено, на 24.11.2023, двајцата дошле во Полициската станица за граничен премин и граничен надзор Стар Дојран и сакале да го подигнат патничкото возило „ауди“, кое на 19.09.2023 било одземено од Б.М. за докажување сопственост. Тие приложиле и купопродажен договор со кој сопственикот го продава на М.Б.. Меѓутоа, од увидот во договорот било забележано дека наместо патничко возило стоел мотоцикл и возилото не им било вратено. Истиот ден, тие донеле нов договор заверен кај нотар, при што било утврдено дека потписот на продавачот се разликувал од потписот во претходниот договор. Исто така, по извршени проверки кај нотарот, било констатирано дека тој нема заверено таков договор, по што било констатирано дека договорот е фалсификуван и против лицата ќе биде поднесена пријавата, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК