Centar.mk
БИЗНИС

Шведска влезе во рецесија: Последица на намалени залихи и помала потрошувачка на домаќинствата

Шведска влезе во рецесија бидејќи нејзината економија падна за 0,3 отсто во третиот квартал во однос на вториот квартал, по падот од 0,8 отсто во претходниот квартал, објави денеска Шведскиот институт за статистика – SCB.

Како што е наведено на веб-страницата на организацијата, падот е пред се последица на намалувањето на залихите и помалата потрошувачка на домаќинствата.

Потрошувачката на домаќинствата е намалена за 0,6 отсто на квартално ниво, додека потрошувачката на општата влада не се менува. Бруто-инвестициите во постојан капитал се намалени во истиот период за 0,6 отсто.

Инвестициите во станови продолжија да опаѓаат, како и инвестициите во други згради и објекти. Во третиот квартал извозот порасна за 1,4 отсто на квартално ниво, додека увозот е намален за 1,5 отсто. На годишна основа, шведската економија падна за 1,4 отсто во однос на третиот квартал од 2022 година.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ – Цената повеќе нема да биде единственото мерило при изборот

ДЕСК

Започнуваат ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и САЕМОТ ЗА НЕДВИЖНОСТИ 2026 од 29 до 31 октомври

ДЕСК

Македонија ја претстави 20-годишната стратегија за минерални суровини во Загреб – договорена соработка за геотермална енергија

ДЕСК