Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Над 105 илјади основци и средношколци ќе добиваат по 1200 и 1800 денари наредните шест месеци

„Со последниот пакет антикризни мерки, обезбедивме поддршка за зголемување на ученичкот стндард, за основците и средношколците од ранливи категории на семејства со ниски примања, до 50,000 денари“ рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција на која го презентираше новиот пакет антикризни мерки.

Тој објасни дека над 105 илјади ученици во основното образование и средношколците во наредните 6 месеци ќе добиваат по 1.200 денари, односно 1.800 денари месечно, за што од буџетот за оваа финансиска поддршка ќе се издвојат вкупно 14,3 милиони евра.

„15.000 студенти кои живеат надвор од местото на стдуирање, ќе добијат ваучер за превоз. Студентите во наредните 7 месеци месечно ќе добиваат ваучери во износ од 600 до 1.200 денари, за што се предвидени 2 милиони евра“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека во наредните пет месеци по 2000 денари месечно ќе добиваат и корисниците на надоместок заради попреченост, за самохрани родители – корисници на Гарантирана минимална помош и за родители на деца со попреченост до 26 години. Со оваа мерка, како што кажа Ковачевски, се опфатени 16741 граѓанин со вкупна буџетска поддршка од 2,7 милиони евра.

Можеби ќе ве интересира

Николова: Предложените заменици министри се партиски кадри наместо експерти, уште едно лицемерие на Владата

ДЕСК

Мицкоски: Шабани и Сулејмани со својата работа и посветеност ќе придонесат за зајакнување на институционалниот капацитет

ДЕСК

Државата ќе одвои 1 милион евра за евакуација на затечените граѓани во Дубаи, Доха и Израел

ДЕСК