Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ковачевски: Мерките овозможија забавување на инфлацијата, сега продолжуваме со поддршка на ранливите категории

„Мерките коишто ги презедовме лани и годинава даваат резултати. Претходните пакети антикризни мерки од над 760 милион евра, којшто од Светската банка беше оценет како највисока буџетска поддршка во регионот. Помогнавме и на граѓаните и на компаниите, на економијата и на државата. Обезбедивме полесно функционирање за сите“ рече премиерот Димитар Ковачевски на прес-конференција.

Тој додаде дека мерките овозможија забавување на инфлацијата, стабилно снабдување со електрична енергија и ублажување на ценовните шокови.

„И тогаш предвидовме субвенции за пензионерите, за ранливите, ја субвенциониравме струјата, предвидовме субвенции за основните прехранбени производи, ја реализиравме програмата за енергетска сиромаштија и ги покривме значителен дел од трошоците на компаниите за струја со што ги задрживме работните места и ја поставивме економијата на здрави нозе“ рече Ковачевски.

Премиерот истакна дека се продолжува со таргетирана конкретна поддршка за ранливите категории граѓани, за учениците, студентите, за пензионерите, граѓаните- корисници на социјална помош, граѓаните со посебни потреби, самохраните родители, домаќинствата со ниски приходи, земјоделците, како и поддршка на компаниите во процесот на зелена транзиција.

„Помагаме на сите за надминување на потешкотиите во услови на зголемени трошоци на живот, како и во услови кога имаме продолжени ефекти од енергетската криза. Истовремено, преку економски оправдани политики, ја осигуруваме макроекономската и фискалната стабилност на државата“ рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕА, ФОТО) СПОРЕДБА: ПРЕД ДВА МЕСЕЦИ И ДЕНЕС – Дали Преспанското има шанси да се врати?

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ДРАСТИЧЕН ПАД НА ТЕМПЕРАТУРИТЕ И ДО -10 СТЕПЕНИ: Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Хорор во Македонија: Силувано и уценувано малолетно девојче, а потоа едниот и барал 20.000 евра за да не се објават ексциплитни фотографии

ДЕСК