„Не се согласувам дека како СДСМ дека нема шанси за уставните измени тоа е еден процес на кој што работиме некое време и сеуште работиме. Затоа што уставните измени не претставуваат се она што сакаше да го наметне опозицијата како една слика дека тие уставни измени претставуваат бугаризација или кочење на процесите, напротив уставните измени претставуваат чекор напред и чекор поблиску до исполнување на сите цели за да станеме полноправна членка на ЕУ,“ рече министерката за култура Бисера Костадиновска – Стојчевска и потпретседателка на СДСМ во интервју за Алсат М Телевизија.
Таа посочи и дека самиот процес на уставни измени значи дека партијата комуницира со сите и што е она што че произлезе од уставните измени,односно дека ќе се подобрат многу состојби во општеството.
„Слушнавме и од бугарскиот премиер дека нема никакви барања Република Бугарија кон Република Северна Македонија, што значи дека и таа теза на опозицијата пропадна, дека после ова ќе следи уште нешто, па уште нешто.Меѓутоа уставните измени се активен процес од кој што никој не е откажан,туку постојано работиме на тоа тоие да се случат, бидејќи се следниот логичен чекор,“рече Костадиновска Стојчевска.
Таа посочи и на аргументите од меѓународниот фактор, дека уставните измени се неизбежни, дека тие мора да се случат.Тој процес не е затворен и нема откажување од процес кој ќе донесе добро за државата .