Centar.mk
ЛОКАЛНОвест

ЕКО-ПАТРОЛАТА НА ЈП КОМУНАЛНА ХИГИЕНА-СКОПЈЕ ИЗГОТВИ 17 ЗАПИСНИЦИ ВО ТЕКОТ НА МЕСЕЦ НОЕМВРИ

Во текот на месецот ноември, Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје изготви вкупно 17 едукативно-информативни записници за лица и правни субјекти коишто се затекнати при неправилно одлагање градежен и кабаст отпад во скопските општини Центар, Гази Баба, Чаир, Бутел, Ѓорче Петров, Аеродром и Карпош. Активностите се одвиваа на булеварите Илинденски одреди, Теодосиј Гологанов и Осми септември, како и на улиците Бутелска, Јуриј Гагарин, Васил Чакаларов, Ѓорѓи Сугаре, Петар Ацев, Бапчор, Лазар Поп Трајков и Јорганџиска улица лоцирана во Старата скопска чаршија.

Воедно, Еко-патролата продолжува со спроведување секојдневни дежурства и зачестен патролен надзор на повеќе локации во сите скопски општини, меѓу коишто се булеварот Македонско-косовска бригада и улиците Џон Кенеди, Втора македонска бригада и Максут Садик – спроти Амбасадата на САД, каде што е констатирано континуирано непрописно одлагање отпад на јавни и сообраќајни површини.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +