Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи од Барселона во Брисел на НАТО Министерски состанок

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, од Барселона каде учествуваше на Регионалниот форум на Унијата на Медитеранот, патува за Брисел каде ќе учествува на НАТО Министерскиот состанокот.

Како што соопшти МНР, во фокусот на разговорите ќе бидат актуелните безбедносни предизвици, сојузничката долгорочна поддршката за Украина, како и зајакнувањето на одвраќањето и одбраната на НАТО Алијансата.

Воедно, сојузниците ќе се осврнат и на приоритетите на Алијансата во пресрет на НАТО Самитот во Вашингтон на кој ќе се одбележи 75 годишнината од нејзиното основање, се додава во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

БЕЗ ДОЗВОЛА, СО ЗАБРАНА, ПА ДУРИ И ПИЈАН НА ТРАКТОР: МВР со нова акција низ државата – Девет возачи завршија во полиција за само 24 часа

ДЕСК

Млада скопјанка нападната од друго женско лице – инцидентот се случил на влез на зграда

ДЕСК

Полицијата му упадна во домот, претреси во Скопје

ДЕСК