Centar.mk
МЕТЕОCENTARМАКЕДОНИЈА

Нè очекува временски ролеркостер! По снежниот викенд во петок ќе биде и над 16 степени!

Под влијание на нов влажен бран од денес во ноќните часови, утре во текот на целиот ден и во среда наутро се очекуваат нови врнежи, на планините и на некои повисоки места од снег, а на пониските места од дожд. Во западните делови ќе има пообилни врнежи (локално над 25 l/m2), a снежната покривка на планините на северозапад ќе се зголеми за 10 до 15 cm. Утре ќе дува засилен јужен ветер. Дневната температура во следните денови ќе биде во пораст.

Прогноза за 29.11.2023
Минимална температура: -1°C до 4°C
Максимална температура: 2°C до 12°C

Променливо облачно, претпладне претежно во западните и северните делови од земјата со повремени врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 30.11.2023
Минимална температура: -7°C до 0°C
Максимална температура: 3°C до 12°C

Променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб јужен ветер.

Прогноза за 01.12.2023
Минимална температура: -5°C до 2°C
Максимална температура: 5°C до 16°C
Променливо облачно со умерен до засилен ветер од јужен правец.

Можеби ќе ве интересира

Утре сончево време со температура до 15 степени

C +

СДСМ ОБЈАВИ: Британската телевизија GBN го потврдува договорот за мигранти: Ќе ве стационираме во Македонија!

ДЕСК

Ротари клуб Скопје Интернационал: Уметноста безбеден простор за менталното здравје кај младите

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.