Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Од маркетите се повлекува небезбедна флаширана вода – АХВ излезе со соопштение

Aгенцијата за храна и ветеринарство ги информира потрошувачите дека се отповикува следниот производ:

Негазирана природна минерална вода ,,МИРОС,, во пакувања од 1,5 литар, 0,5 и 0,33 литри
Рок на употреба: до 30.08.2024 година

Причина за отповикување:-небезбеден производ поради микробилошка неисправност и ризик по здравјето на луѓето. Водата не одговара на условите од Правилникот за посебните барања за безбедност на природна минерална вода, изворска вода и друга пакувана вода („Службен весник на Република Македонија“ бр. 184/18), се вели во соопштението на Агенцијата за Храна и Ветеринарство до граѓаните.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Струга се гради и развива, Владата продолжува со инвестиции тука

ДЕСК

Велигденските цени се доказ дека народот во Македонија веќе не ни преживува, тврди Левица

ДЕСК

Уставниот суд поведе постапка за Колективниот договор за култура и член 78-љ од Законот за култура

ДЕСК