Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Полицијата во потрага – Исчезна четиринаесетгодишно девојче од Скопје

Во полиција било пријавено за исчезнато четиринаесетгодишното девојче од Скопје, чија мајка на социјалните мрежи попладнево ја извести јавноста.

Од МВР информираат дека утрово во 08:35 часот добиле пријава.

-На 27.11.2023 година во 08.35 часот, З.Ѓ. пријавила дека се сомнева дека нејзината ќерка В.д. (14) е исчезната. Полициски службеници преземаат мерки за пронаоѓање на лицето, вели полицијата.

Според мајката, девојчето било облечено во црни пантолони со странични џебови, светло плав џемпер, црна кратка зимска јакна и бели Најк патики со кафеава лента.

Секој кој има било каква информација да се јави во полиција или пак кај мајката на телефонскиот број 075 400 816.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК