Утре ќе се задржи сончево и многу студено време, особено во утринските часови, кога температурата во најголем дел од земјава ќе се спушти под -5, а на места и под -10 степени. Во вторник и во среда претпладне се очекува нов влажен бран, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег, а на пониските места со врнежи од дожд. Во вторник ќе дува засилен јужен ветер. Кон крајот на неделата дневната температура ќе се зголеми.
Прогноза за 28.11.2023
Минимална температура: -7°C до 2°C
Максимална температура: 2°C до 10°C
Облачно со врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Во западните делови врнежите ќе бидат пообилни. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец, најизразен вдолж Повардарието.
Прогноза за 29.11.2023
Минимална температура: -1°C до 4°C
Максимална температура: 2°C до 12°C
Променливо облачно, претпладне претежно во западните и северните делови од земјата со повремени врнежи од дожд, на планините и на некои повисоки места со врнежи од снег. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.
Прогноза за 30.11.2023
Минимална температура: -7°C до 0°C
Максимална температура: 3°C до 12°C
Променливо облачно, попладне со повеќе сончеви периоди. Ќе дува слаб ј