Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Санкционирани 17 возачи под дејство на алкохол на територијата на Битола и Прилеп

Во текот на изминатата вечер (25/26.11.2023) во периодот од 22.00 до 04.00 часот на територија на Битола и Прилеп спроведена е засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возило под дејство на алкохол.

При контролата, санкционирани се 17 возачи под дејство на алкохол. Од нив 12 на територија на Битола, а 5 во Прилеп. За време на контролата биле санкционирани и други видови прекршоци.

Акциските сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можеби ќе ве интересира

ОД НЕДЕЛА ЗАДОЛЖИТЕЛНА ЗИМСКА ОПРЕМА – Еве што мора да имаат возачите за да избегнат казна

ДЕСК

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч, ПА ДОЖД И ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО – Еве што ја очекува Македонија во следните денови

ДЕСК

Николоски од Охрид: Силна држава не значи само силна извршна власт, значи и силни и независни институции

ДЕСК