25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

По повик на 112: Итна медицинска помош за 8 минути стигнала низ сообраќајниот метеж и вчера спасила живот и покрај сообраќајниот хаос предизвикан од протестите

За чудо, одредени вести и раскажувања за драматични итни настани ја „стоплуваат душата“, во ова наше „демократско време“, на отуѓеност и кога повеќето вести се со црна „обоеност“ и за негативни настани и со искажување голем револт кон институциите на државата, а сите ние заедно во државата, едноставно: сме државата. Тоа ни го потврдуваат одредени случувања кога граѓаните сами и веднаш помагаат едни на други при итни животозагрозувачки случаи, а особено на тимови од државни служби и институции, а со голем придонес и на медиумите коишто општествено одговорно ја подигаат на повисоко ниво јавната свест за меѓусебно помагање при итни и опасни ситуации.

Граѓанин од Скопје, поттикнат од објавата во медиумите за сторијата за еден од спасените преку Единствениот број за итни ситуации 112 во ЦУК, ни прати порака за драматична ситуација што се завршила среќно, а при големиот вчерашен сообраќаен метеж во Скопје, заради масовните протести. На негов повик на 112, за инфаркт на неговата мајка, возило на Итна медицинска помош дошло за осум (8) минути по повикот на 112. Тоа евидентно се должи на големата, би рекле дури и виртуозност за возење на Итната медицинска помош во скопски сообраќаен метеж, медицинските тимови скромно не дополнија дека тоа се должело и на се поголемата соработка, сочувствителност и сообраќајна култура при вакви случаи на граѓаните – возачи, коишто веднаш и самоинцијативно, соработувајќи со сите затекнати во такви моменти на улиците „првеле пат“ за да помине медицинското возило. Вчера тоа било особено тешко заради масовните протести, но и при такви случаи големата сочувствителност, емпатија и човечност на нашите граѓани овозможува тоа да биде остварено брзо и ефикасно.

Ваквите стории и пораки на спасените од „Системот“, дава за право да се почувствуваме убаво и како граѓани и како вработени во Центарот за управување со кризи. Веруваме тоа мислење дека го делат и многумината дежурни, почнувајќи и од медиумите, па се до сите дежурни во институциите и службите во Системот за управување со кризи (СУК) во државата. Едноставно на сите заедно, на граѓаните, на дежурните на терен и таму некаде во „некоја си“ канцеларија, најверојатно им е убаво чувството кога преку еден збор – благодарам ќе имаат уште една сатисфакција повеќе, едноставно да се продолжи напред, работејќи си ја работата.