Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Метео предупредување: обилен дожд во Македонија, врнежите ќе преминуваат во снег

Под влијание на влажен и студен бран денеска ќе има значителна промена на времето со врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат пообилни со над 25 литри на метар квадратен, велат од Управата за хидрометеоролошки работи.

„На планините врнежите ќе бидат од снег. Во текот на денот температурата значително ќе опадне и врнежите од дожд ќе преминат во снег и во пониските места. На планините ќе се формира поголема, а во некои пониски места помала снежна покривка. За време на викендот ќе дува засилен, повремено силен северен ветер, над 70 километри на час, а температурите ќе се задржат ниски до средината на следната седмица“, прогнозира УХМР.

Оттаму додаваат дека и во Скопје денеска времето ќе биде облачно и студено, претпладне со врнежи од дожд кои попладне и до крајот на денот ќе преминуваат во снег и се очекува да се формира помала снежна покривка, особено во повисоките делови од котлината. Ќе дува засилен северен ветер кој ќе продолжи да дува и во недела претпладне. Температурата ќе опадне и ќе се задржи ниска до средината на следната седмица.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК