Centar.mk
фото Центар.мк
МАКЕДОНИЈАвест

Приведена група разбојници, одземеното вратено на сопственикот

-Вчера на подрачје на Карпош, полициски службеници од ЕВР Карпош и полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Г.Ш.(19), Р.М.(18), Н.Т.(18) и тројца малолетници, сите од Скопје. Тие се сомничат дека околу 19.30 часот во Градски парк на подрачје на Карпош со закана од А.Т.(20) од с.Ржаничино, скопско, одзеле пари и личен предмет, соопшти полицијата.

Одземеното било пронајдено и вратено на сопственикот, а лицата биле задржани во полициска станица. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Обвинителството за куќниот притвор на Груби: Се водиме исклучиво од законските основи

C +

Утре сончево време со температура до 16 степени

C +

Спасовски: Со минимална плата од 600 евра ја штитиме егзистенцијата на граѓаните, прифатете го Законот

C +