Centar.mk
фото Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

СДСМ: Не ја оправдаа довербата, две години локална власт на ДПМНЕ, нула резултати

-По две години од мандатот на локалната власт на ДПМНЕ во 40-тина општини во државата заклучокот е поразителен: нула резултати, безброј нереализирани проекти и неисполнети ветувања, задолжени и партизирани општини, повисоки сметки за граѓаните, соопшти СДСМ.

„Разочарувањето на граѓаните е уште поголемо, бидејќи наместо прогрес и проекти за унапредување на општините, добија назадување и повисоки сметки за комунални услуги.

Во Велес 100% ги поскапеа цените за собирање на отпад. Во Битола данокот на имот е покачен за 300 %.

Прилепчани плаќаат и до 300 отсто повисок данок на имот, сметките за комунални услуги се поголеми за 67 отсто, поскапени се и паркингот и јавниот градски превоз.

Во Ѓорче Петров сметките за комунални услуги се зголемени за 300%, во Бутел за 150%.

Градоначалниците на ДПМНЕ удрија по џебот на граѓаните и во Штип, Охрид, Неготино, Гевгелија и во други општини.

Додека ги зголемуваат сметките за граѓаните, градоначалниците на ДПМНЕ се луксузираат, како градоначалникот на Охрид, кој е на ексклузивно крстрење или првиот човек на Кисела Вода, кој носи часовник од 8.000 евра и даваат тендери на сопартијци и роднини, како градоначалникот на Штип.

ДПМНЕ покажа уште еднаш како практицира власта. Преку своите градоначалници докажува дека е непроменета партија, дека не и се битни интересите на граѓаните туку единствено партиските и личните бизнис интереси.

ДПМНЕ на је оправда довербата на граѓаните

ДПМНЕ ја има најнеспособната локална власт досега.“ – се вели во соопштението.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Предавникот Мицкоски ја претвора Македонија во мигрантски камп, за пари!

ДЕСК

Голема промена на времето! Од утре дожд, па сонце и високи температури!

ДЕСК

СДСМ вечерва се огласи на фејсбук: Утре следува нова бомба за корупциска шема на власта, работата не е завршена

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.