Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пожарот во фабриката за бои и лакови е ставен под контрола, следува испитување на водата за пиење

Пожарот што избувна во фабриката за бои и лакови кај село Фалише, Општина Тетово, е ставен под контрола.

Од Центарот за управување со кризи информираа дека има по малку чад, но на лице место континуирано се’ уште има екипа пожарникари од ТППЕ Тетово којашто ја контролира ситуацијата и има и полиција за обезбедување на локацијата.

Екипа од Центарот за јавно здравје во Тетово е на терен и за да ја испитаат водата за пиење, а резултатите ќе бидат готови за неколку дена.

Од ЈЗУ Тетово известуваат дека состојбата на водата ќе биде во ред, бидејќи бушотината од којашто се црпи вода имала 50 метри длабочина.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Невработеноста е на историски најниско ниво, под пет проценти

C +

Мицкоски ги повика Македонците да летуваат дома, за надминување на метежот со Грција има разговори во ЕУ

C +

Уапсени 11 возачи за безобѕирно возење, седуммина немале дозвола

C +