Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Организирал борби со кучиња: полицијата ќе поднесе пријава против маж од Зајас

Во текот на октомври 2023 година, полицијата извршила разговор со 45-годишник од кичевското село Зајас, поради сомнение дека организирал настан со кучиња во атарот на кичевското село Букојчани.

Од СВР Охрид информираат дека е известен надлежен јавен обвинител и против организаторот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Инаку, во СВР Охрид, како што соопштија од таму, досега нема официјално доставена пријава за борба со кучиња, но апелираат до граѓаните доколку забележат ваква појава, да пријават во најблиската полициска станица.

Додаваат дека СВР Охрид, презема интензивни контроли на целото подрачје на Охрид, Струга, Кичево и Дебар, со цел санкционирање на лица, организатори на борби со кучиња или други слични активности, што се во спротивност со Законот за заштита и благосостојба на животните.

Според Законот за заштита и благосостојба на животните, забранета е вклученост, поттикнување, организирање, рекламирање, одржување и обложување на борби со животни, за какви било намени.

Можеби ќе ве интересира

Доаѓа нагла промена: Еве кога ќе врне најмногу и каде ќе има снег!

ДЕСК

ДРАМА ВО ПОЗНАТ ЛОКАЛ ВО КАРПОШ: Избила физичка пресметка меѓу четворица скопјани, еден бил удрен од тврд предмет – отиде и дел од инвентарот

ДЕСК

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје: Додека се качувала во автобус, била ограбена

ДЕСК