26. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Бојан Лазаревски во интервју за НоваТВ: Успехот на нашата кинематографија е резултат на чесна и системска работа, обидот за дискредитација од страна на ДКСК е срамен

„Сите досегашни пријави кон АФРСМ се или „анонимни“ или се потпишани од страна на најплатениот режисер од буџетски пари, Милчо Манчевски. Не е тајна дека до ден денес ДКСК не отвори ниту еден предмет и анализа за тоа како се потрошени 950.000 евра народни пари и како и зошто се правени трансфери на неговите фирми во Њујорк, САД.“ – вели во интервју за НоваТВ директорот на Агенцијата за филм, Бојан Лазаревски.

„Ако веќе трета година по ред сме присутни како дел од официјалната селекција на престижната Венеција, ако Кан има интерес за нашите автори, ако нема речиси филм што не освоил награди по светските фестивали, тоа секако не инцидент или пак среќна околност“. – вели Лазаревски.

„Задоволни филмаџии ќе значи уште поголем успех на нашата кинематографија. Како АФРСМ немаме немаме ингеренции за решение на прашањето за нивниот статус, но силно ги поддржуваме во оваа намера.“

Домашната кинематографија последниве години во континуитет е присутна на најважните филмски фестивали во светот од каде што не се ретки ниту наградите. Во официјалната програмска селекција на Филмскиот фестивал во Венеција две години за ред има филм во македонска продукција, а редовни гости сме и на Кан, Берлин, Санденс…Несомено таа е силен атрибут на културната дипломатија особено во мигови кога стремиме кон европскиот пат.

Препознавањето, селекцијата и поддршката на филмските проекти е процес кој внимателно минува низ професионалните инстанци во Агенцијата за филм. Успехот на македонската седма уметност, статусот на филмските работници, како и „медиумските бранувања“ за оваа институција беа повод и дел од темите за интервју со директорот Бојан Лазаревски.

Лазаревски за кого Владата изгласа доверба за продолжување на неговата раководна дејност е економист по професија. Иако за јавноста можеби е збунувачки дека тој не доаѓа на ова место од филмскиот сектор, малкумина знаат дека неговото искуство со оваа институција го стекна по многугодишно присуство како член на Управниот одбор, што е највисокото одлучувачко тело на Агенцијата. Искуството со правилна проценка на буџетите кое од особена важност во оваа дејност, особено ако се земат во предвид минималните расположливи средства, му помогна да го одржи квалитетот и квантитетот на продукцијата што започна со неговиот претходник.

Целото интервју прочитајте го на НоваТВ (ЛИНК).