Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд со слаб, а наместа со умерен интензитет. По одделни котлини ќе има појава на магла. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен, а попладне долж Повардарието од северен правец.

Минималната температура ќе биде во интервал од 4 до 9, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.

Во Скопје ќе биде облачно со слаба магла и со повремен слаб дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 10 степени.

До петок ќе преовладува променливо облачно време, по одделни котлини со појава на магла. Значителна промена на времето ќе има во сабота кога ќе има пообилни врнежи од дожд, а попладне ќе преминуваат во врнежи од снег и во некои од пониските места. Ќе дува засилен северен ветер и температурите позначително ќе опаднат.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК