Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Во Тетовско се судрија трактор и „фолксфаген пасат“

Вчера во 17 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавено е дека во близина на клучката за тетовско Жеровјане, се случила сообраќајна несреќа.

Во несреќата учествувале: трактор „имт 539“ без регистарски ознаки управуван од 33-годишниот И.Т. од тетовско Боговиње и патничко моторно возило „фолксфаген пасат“ со тетовски регистарски ознаки, што го управувал 67-годишниот Ш.М. од тетовско Жеровјане.

Во несреќата, сопатникот од тракторот Г.Т.(60) од Боговиње се здобил со тешки, а возачот на „пасатот“ со телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница.

На местото на несреќата увид извршила екипа од СВР Тетово.

Можеби ќе ве интересира

Лишен од слобода гевгеличанец, превезувал шест мигранти и излетал од патот

ДЕСК

Таксист натепан во Скопје

ДЕСК

Лишени од слобода пет возачи за безобѕирно управување возило, двајца возеле без возачка дозвола, други двајца со активна забрана за управување возило

ДЕСК