25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Светски ден на предвремено родените деца – 17 Ноември, за 5 пати во 5 години намалена смртноста на прематурусите во нашата држава

Денеска се одбележува Светскиот ден на предвремено родените деца – 17 Ноември. Владата на Република Северна Македонија се приклучува кон одбележувањето на овој ден со цел да се подигне свеста за предизвиците и за товарот на предвременото породување и како да се овозможат најдобрите здравствени услови за предвремено родените деца да преживеат и да напредуваат.

Разбирајќи ја потребата за соодветна грижа на предвремено родените деца, Владата на Република Северна Македонија посветено работеше и продолжува да работи на обезбедување на сите неопходни услови во здравствените установи за да се излезе во пресрет на потребите на овие деца.

Во последниве пет години за пет пати е намалена смртноста на прематурусите, односно од 25 отсто во 2016 година на 5,6 отсто во 2023 година, што се должи и на сериозните напори на Владата за инвестирање во подобрување на условите во здравствените установи.

Трендот на зголемени вложувања во капиталните инвестиции во здравствениот сектор и стимулирање на работата на вработените во јавните здравствени установи со зголемени плати ќе продолжи и понатаму.

Еден од врвните приоритети на Владата на Република Северна Македонија е создавање на соодветни услови за здрав и квалитетен живот на сите наши граѓани.