Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Ристовски: Разликата во чинење помеѓу заеднички и одвоени избори е минимална, под 10 отсто

„Се провлекуваше во медиумите информацијата за некоја драстична разлика. Во глобала дали изборите ќе се одвоени или партиите ќе се договорат вториот круг на претседателските да бидат заедно со парламентарните, разликата е минимална, не повеќе од 10 отсто“ рече членот на ДИК, Оливер Ристовски во интервју за „Слободен печат“.

Тој додава дека не се точни информациите дека одвоените избори би чинеле 30 до 40 отсто повеќе и според него ваквата разлика ќе биде до десет отсто.

Како што објасни Ристовски, најголемиот дел од буџетот определен за изборите оди на фиксните трошоци без разлика дали тие се споени или одвоени, а тоа е платената политичка кампања на партиите и претседателските кандидати, како и трошоците за печатење на изборниот материјал и избирачките списоци.

Ристовски исто така демантираше дека ќе се дуплираат трошоците за членовите на Избирачките одбори, бидејќи без разлика дали ќе бидат изборите заедно или одвоени тие ќе бидат платени за два изборни циклуси, бидејќи тоа и ќе спроведуваат.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК